еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија да ги почитува правата на македонската заедница, и одговори Мицкоски на Јотова, која дава совети за почитување на човекови права

Премиерот Христијан Мицкоски ѝ порача на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, наместо тие да ни даваат совети за почитување на човекови права, Бугарија да ги почитува правата на македонската заедница таму.

„Имаме 14 пресуди за македoнската заедница во Бугарија. Ги повикувам истите овие кои што нас ни даваат совети, да ги советуваат и бугарските власти, да ѝ дозволат на македонската заедница барем да се организира во невладини организации.

Не бараме да бидеме дел од Уставот, туку да се организираат во невладини организации,“ одговори Мицкоски на изјавата на Јотова која од трибина во Ќустендил насловена како „Бугарите на Балканот надвор од границите по 1878 година“, ги потсети македонските власти дека ако не ги почитуваат човековите права, може да преговара до бескрај со Европската Унија (ЕУ).

„Би сакала да ги повикам моите колеги од Република Северна Македонија да ги читаат европските вредности со поголемо разбирање, бидејќи тогаш, кога ќе започнат вистинските преговори за пристапување во ЕУ, постои едно главно прво поглавје – „Основни права“.

Овие права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една земја која верува дека не се почитуваат човековите права, особено оние на претставниците на различни народи и народи, овој процес никогаш нема да заврши,“ кажа Јотова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не им дозволува на Македонците да ја одбележат годишнината од Кресненското востание

Во Бугарија не постои свест за правата на малцинствата: Нова критика на Советот на Европа

Бугарија од 2006 не спровела ниту една одлука на Судот за човекови права за македонското малцинство

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Попова Шапка утрово измерени -12 степени, снежната покривка е 78 сантиметри

Редакција

Меѓу нив и Тимчо Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ објави осум нови кандидати за градоначалници

Редакција

Груби: ДУИ не е за избори, сега размислуваме за храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би застанале зад договорот со Грција

Редакција