еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ванхојте се врати во Македонија, ќе ги „турка“ уставните измени

Белгијанецот Питер Ванхојте, добро познат на македонската јавност, се врати во земјава, овојпат како медијатор олеснувач за уставните измени, по иницијатива на белгиското претседателство со Европската Унија, објави Независен.

Тој веќе остварува средби со македонски политичари, по што ќе замине за Бугарија, каде ќе разговара и со бугарски политичари.

Како што вели тој за Независен, добил мандат да спроведе проект со кој ќе се отвори патот за уставните измени и ќе се обезбедат гаранции дека на патот на Македонија до членство нема веќе да има сопки од Бугарија или нови проблеми.

Според него, проектот е под капата на ЕУ, но го финансира белгиската влада која верува во користа од разговори и од правење компромиси. Проектот што ќе го води Ванхојте ќе го менаџира и организира Европскиот институт за безбедносни студии и нема рок до кога ќе трае, односно ќе остане отворен додека не се постигнат целите.

Проектот ќе има две компоненти, од кои првата е медијаторство за односите меѓу Бугарија и Македонија кое треба да ги тргне отворените прашања и да отвори пат за преговорите на Македонија со ЕУ. Втората копмпонента е изградба на институционален капацитет во земјата, со фокус на обука на млади политичари кои треба да го сменат начинот на кој функционира политиката во државава, односно да ја приближат повеќе до западните европски демократии.

„Прво ќе се осигураме дека нема да има нови проблеми од Бугарија за пристапувањето на Македонија во ЕУ, а потоа ќе одиме на следните чекори“, вели Ванхојте нагласувајќи дека уставните измени се приоритет број еден и дека неговата улога како медијатор ќе биде да има солидни гаранции дека работите нема повторно да отидат во погрешен правец за Македонија, откако еднаш направи отстапки и не доби ништо, односно повторно беше блокирана од Бугарија.

Тој пред неколку години беше медијатор за т.н. Пржинскиот договор.

Фото: Фејсбук/Ванхојте

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев се уште го држи оптимизмот дека Груевски ќе биде екстрадиран

Редакција

(Фото) За прв пат е изведена хибрид операција кај бебе од три килограми со хипопластично лево срце во клиничката болница “Жан Митрев”

Редакција

Бројот на заболените од грип од 20.000 годинава скокнал на 37.000, можно е тестирање од корона вирус

Редакција