еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Бајден Зеленски го нарече Путин, а заменичката Харис, Трамп

На прес конференција во рамки на Самитот на НАТО во Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден, неговата заменичка Камила Харис ја нарече Трамп, а претседателот на Украина, Володомир Зеленски, Путин.

Сфати дека згреши со Зеленски, како што може да се слушне на видеото, па се исправи, но грешката со Харис не ја примети.

Оваа гафови се само дел од бројните кои имавме прилика да ги видиме и слушнеме од него изминативе години, што дополнително ги зголеми барањата тој да не учествува на престојните претседателски избори во ноември во САД.

Неговиот противкандидат Донал Трамп, по овие нови гафови на социјалните мрежи напиша „Одлична работа Џо“.

Фото: Бајден/Фејсбук/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Клиниката за кожни болести која предизвика криза во државата со корона вирусот, ќе биде сменета уште денеска

Редакција

Си ја запечати ли Гарванлиев кариерата во Македонија?

Редакција

Опожарено возило на Драган Митковски, соработник на градоначалничката Арсовска

Редакција