еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Земјотреси го испразнија Станторини, над 11 илјади жители го напуштија островот

Секојдневните земјотреси од 26. јануари ги натераа жителите на Санторини, Грција, да го напуштат островот, кој важи за една од најпознатите светски туристички дестинации.

Заклучно со вчера вулканскиот остров, како што објавија грчките медиуми го напуштиле над 11.000 жители, кои заминале со брод или авион.

Во периодот од 26. јануари до вчера се регистрирани над 750 земјотреси.

Сеизмолози велат дека земјотресите се предизвикани од подигнување на нивото на лавата од длабочината кон земјината површина и дека постои можност за создавање на многу силен земјотрес или нов вулкан.

Тие проценуваат дека интензивната сеизмичка активност може да трае со денови или дури недели.

Видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Вознемирувачки снимки од Скијатос по бурата која ја погоди Грција, островот е без струја и вода

Редакција

(Фото) Во пожар изгоре млекарница во кумановско Романовце

Редакција

Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција