еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) На Грција и се случува Србија, нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи

Екипа на еМагазин од Солун

Синоќа низ Грција имаше нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи, во која пред две години загинаа 57 лица, претежно млади.

Екипа на еМагазин го следеше протестот во Солун, каде за неколку дена една од најпознатите улици во градот, Игнација, повторно беше преплавена со луѓе, во најголем дел млади.

Откако се собраа во близина на плоштадот Аристотелис, поворката маршираше до Железничката станица.

Гневот поради тоа што грчките власти криеле информации за несреќата во Грција секојдневно расте, па во петок ќе има нови протести.

Неодамнешно истражување покажа дека дури 72% од Грците сметаат дека властите криеле причини за несреќата.

Несреќата со денови е топ тема во медиумите.

Оваа следи откако неодамна беше објавена аудио снимка која покажа дека околу 30 лица биле живи по сударот на патничкиот и товарниот воз, но починале бидејќи останале без воздух поради експлозија во товарниот воз кој превезувал нелегално запаливи хемиски супстанци.

„Неможам да дишам“ вели девојка на нејзината другарка во снимката, што стана главниот слоган на протестите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Споменик за загинатите од несреќата кај Темпи во Солун, утре нови протести

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО Цел Солун на улица: еМагазин на историски најмасовниот протест, во чест на жртвите од железничката несреќа кај Темпи

(Видео) Масовни протести во Атина, Солун, Патра… на двегодишната од железничката несреќа кај Темпи

Фото/видео: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неделава да се отворат моловите, авто школите, следната угостителските објекти, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Заврши доказната постапка за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Трајко Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

Редакција