еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Нова песна на Бојана Скендеровски, „Лажни светови”

„Лажни светови“ е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски.

Станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција

„Лажни светови“е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош.

Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски.

„Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти.

Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо“, рече Бојана и призна дека верува во “Лажни светови” зашто е направена со многу љубов, емоции.

За песната е снимено и видео кое е работено под капата на Скендеровски продукција, во кое главната улога инприпаѓа на Бојана, а акцентот е ставен на емоцијата. Бојана се појавува во неколку интересни креации за кои беше задолжена Ивана Кнез.

Тука не завршуваат новитетите кога е во прашање името на Бојана и Скендеровски продукција – имено на 23. март стартува втотиот дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

Прв на списокот градови е Свети Николе. Концертот е закажан на 23. март на Тодорова сабота, а стартот на концертот е во 14 часот и истиот ќе се одржи во рамките на прославата која е традиционална во овој град и е по повод овој убав празник.

Значи, убавата македонска песна продолжуваме да ја славиме и оваа година, а пораката останува иста – дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И во Битола Парада на гордоста

Редакција

(ВИДЕО) Италија победи на Евровизија

Редакција

Турската лира на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Редакција