еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Турската лира на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Турската лира денеска падна на рекордно ниско ниво, продолжувајќи го својот пад во однос на американскиот долар откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го започна својот трет мандат.

Лирата денеска ослабе за повеќе од шест отсто во однос на доларот. Турската валута падна за осум отсто по назначувањето на новата влада на Ердоган. Валутата од почетокот на годината ослабе за околу 20 отсто.

Вредноста на турската лира во однос на доларот паѓа од 2021 година поради инсистирањето на Ердоган да ги одржува ниски трошоците за задолжување за да се стимулира растот и покрај зголемената инфлација.

Аналитичарите велат дека владата на Ердоган ја зголемила лирата пред претседателските и парламентарните избори во Турција минатиот месец, користејќи ги девизните резерви за да го држи курсот под контрола. 

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груби: Не го плашете народот, во 21. век никој никого не асимилира

Редакција

(Видео) Деветти подвиг на младиот Марко летово: Ја преплива релацијата Градиште – Трпејца – Охрид

Редакција

Елизабета Канческа-Милевска до ВМРО- ДПМНЕ: Јас не сум, предавници се они кои бегаат и не нудат решенија

Редакција