еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груби: Не го плашете народот, во 21. век никој никого не асимилира

Првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на Фејсбук коментира за актуелните случувања за т.н. француски предлог.

„Никој никого не може, под било кои околности, да го асимилира во 21 век, во 2022 година, во денешниов свет.

Абсурден и навредлив е напорот за наметнување на страв. Денес се се знае, ништо не може да се скрие!

Воени окупации, масовни злочини, не успеаја во минатото да асимилираат народи, а денес тоа било наводно “можно” преку билатерален договор.

Тој договор има јасни взаемни обврски и двострани можности да се одбие, да не се прифати или да се стави вето, во било кое време, на било кој елемент, кој што може да спори идентитет, јазичен, културен, историски или е едноставно неприфатлив.

Ако некој е несигурен во својот идентитет и стравува за себе си, тоа зборува за личноста и силата на неговиот карактер и како и колку го вреднува својот народ, а никако не може да се однесува на цел еден народ кој што не се асимилирал со векови.

Наметнување на хистерија за асимилација е навреда, зарем толку ги потценувате луѓето дека така лесно преку ноќ ќе станат нешто друго?

Истото го велеа и за Преспански, ќе изчезне Македонија. Сонцето изгреа и утредента и секој ден, но сега како членка на НАТО!

Да ве потсетам што велеа за албанскиот јазик, Тиранската платформа, ќе ве казнуваат ако не знаете албански, македонскиот јазик ќе изчезне, државата ќе ја снема. И што се случи? НИШТО! Напротив, државата наша стана посилна со еднакви граѓани.

Јас сум Европјанин и сакам да сум дел од Унијата со сите мои, но и со сите особености на моите сограѓани Македонци, етнички, јазични, културни, идентитетски, духовни особености.

Утре пак ќе треба да се видиме, да се поздравиме, ниту вие ја сакате државата повеќе од нас, ниту ние повеќе од вас, разликата е во храброста за да донесеш правилна одлука која што ќе и ја донесе тапијата на државата преку нула отворени прашања со соседите.

Внатрешно ги уредивме прашањата со Охридскиот договор, со Грција преку Преспанскиот, со Србија преку аутокефалноста, остана уште спорот со Бугарија за да се заокружи и затвори вековното спорење кое потфрли да ги асимилира народите на овие предели.

Не успеаја ниту римјаните, ниту византијците, ниту отоманите, ниту Србите и Бугарите, не успеа никој, и нема да успее никој.

Затоа, не лажете, не ги плашете луѓето, читајте и надминете се себе си, мислете и делувајте за утрешна европска Македонија!“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто

Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство

За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев, Вучиќ и Рама денеска и утре во Тирана на „Отворен Балкан“, ќе потпишат шест договори

Редакција

(Фото) Колинда и Радев во прв ред со Трамп и Меркел, Иванов во вториот ред на одбележување на стогодишнината од крајот на Првата светска војна

Редакција

Каков имот пријавил обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски

Редакција