„Патишта“ е новиот музички проект на Стефан Лазаров и Тамара Тодевска.
Музиката на песната ја работеа Лазаров, Васил Ангелов и Слаткаристика (кој е автор и на тестот на песната).
Станува збор за една поинаква музичка приказна во спомен на сите наши блиски кои прерано не напуштиле и повеќе не се со нас. „Патишта“ ќе Ве наврати на сите заеднички моменти и спомени кои сте ги имале со овие луѓе, но и ќе Ви го врати мотивот да направите нешто во спомен на истите.
За песната се сними и видео спот, кој е во режија на Владислав Гавриловски и истиот се снимаше на неколку локации во Скопје и околината.
Во спотот се појавуваат и илустрации на новинарот Зоран Василевски – Фаци и на нашиот пејат Влатко Илиевски, кои беа добри пријатели и соработници на Лазаров и Тамара Тодевска.
Илустрациите за оваа намена беа креирани од Стефан Николовски.
„Патишта“ е за сите наши драги луѓе кои повеќе не се со нас, но секојдневно се во нашите мисли и срца. Во текот на снимањето на спотот навистина почувствував длабока емоција, ми се појавија многу слики од моето другарување со Влатче низ годините, многу моменти и спомени кои остануваат вечно.
Добро е што преку уметноста, преку музиката можеме да се потсетиме на овие луѓе, да оддадеме почит, а притоа да направиме нешто вредно и трајно – музичко дело кое останува и за новите генерации. Слушнете ја „Патишта“ и потсетете се на луѓето кои Ви недостасуваат“, посочува Тамара Тодевска.
Лазаров ја истакна својата благодарност за фактот што Тамара ја прифати соработката и што заедно работеа на оваа песна.
„Среќен сум што Тамара се согласи на овој дует, имајќи предвид дека е еден од најдобрите артисти во Македонија и навистина сум горд и задоволен со финалниот продукт. Ова беше едно целосно ново искуство за мене, но навистина уживав во целиот процес на создавањето на „Патишта“.
Првичните коментари се навистина позитивни и во името на целиот тим кој работеше на овој проект, сакам да ја истакнам благодарноста“, истакнува Лазаров.
Промотивна објава