еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Видео) Почина легендарниот фудбалер Пеле

Почина легендарниот фудбалер, трикратниот светски шампион Пеле, пренесе вечерва АП.

Пеле се бореше со прогресивна форма на рак на дебелото црево и се наоѓаше во болница поради влошена здравствена состојба.

Тој е единствениот фудбалер во историјата кој освоил три светски првенства во 1958, 1962 и 1970 година.

За време на својата кариера за Бразил одигра 92 натпревари и постигна 77 голови. Пеле го држеше рекордот по постигнати голови за националниот тим до неодамнешното Светско првенство во Катар, каде што Нејмар го повтори достигнувањето.

Во 2000 година, ФИФА ги прогласи Пеле и Марадона за најдобри фудбалери на 20 век.

МИА/Фото: Фејсбук/Пеле

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинуваат дизелот и мазутот

Редакција

Електродистрибуција објави интерактивна мапа за капацитетот на трафостаниците за приклучување на фотоволтаични системи

Редакција

Рамстор и Лидл ќе отвараат маркети во Кавадарци

Редакција