еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Русија го негира украинскиот, како што Бугарија го негира македонскиот идентитет, рече Мицкоски на Атланскиот совет во Вашингтон

Во своето излагање во Центарот за Европа на Атлантскиот совет во Вашингтон, САД, македонскиот премиер Христијан Мицкоски меѓудругото зборуваше и за војната во Украина, за која рече дека е нападната од Русија, со цел да го негира украинскиот идентитет и јазик.

Истовремено ја потсети Европската унија (ЕУ) дека нејзината членка Бугарија го негира македонскиот идентитет и јазик.

„Оваа војна и агресија на Русија кон Украина е нешто ужасно. Ние мора да и помогнеме на Украина и луѓето таму. Бидејќи Русија има за цел да го негира украинскиот идентитет и јазик. Тоа е ужасно, страшно.

Но во исто време, Парламентот на една од земјите во ЕУ, го негираше македонскиот идентитет и македонскиот јазик кој е мој мајчин јазик, кодифициран од 1977 година. Ние мора да имаме исти пристап во двата случаи“, рече Мицкоски.

„Таму има инвазија, ужасно е, луѓе умираат. Ние им помагаме, ние сме во првите пет земји кои донираме муниција и оружје на Украина. Но, што со Македонија?“. рече тој.

Беше прашан и за уставните измени. Рече дека ЕУ нема ист критериум во однос на човечките права, бидејќи Судот за човекови права во Стразбур донесе 14 пресуди во корист на македонското малцинство во Бугарија, а таа како членка на ЕУ не ги спроведува.

Тој најави и зголемување на стратешкото партнерство со САД во наредниот период.

„Мислам дека во наредниот период ќе го зголемиме стратешкото партнерство. Можеби сме мали, но со големо геополитичко значење. Ние сме земја без излез на море, но сме во срцето на Балканот, природна раскрсница што поврзува или вкрстува два многу важни паневропски коридори, коридорот 10 и коридорот 8.

Коридорот 8 е вториот најважен коридор за НАТО, кој го поврзува Црното море со Јадранското Море, практично пристаништето Варна во Бугарија и пристаништето Драч во Албанија“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, порача Мицкоски од Вашингтон

Фото: Влада/видео: AtlanticCouncil

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Апсења во Арачиново, Синѓелиќ, Карпош, Кисела Вода и Шуто Оризари за трговија со дрога и оружје

Редакција

Петто по ред зголемување на платите во рудникот Саса за последните три години

Редакција

Радев бара Заев да се извини, а бугарската влада да провери дали е прекршен Договорот за добрососедство

Редакција