Свеќите на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на пешачкиот премин кај пекарата Силбо, местото каде што беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова, денеска немо сведочат за нејзиниот прерано згаснат живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починатата Фросина Кулакова била дизајнерка од Неготино
Таа беше прегазена од 20-годишниот Васил Јованов, кој бил под дејство на алкохол, поминал на црвено и немал возачка дозвола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор
Јованов бил осуден, но поради жалбена постапка бил на слобода. Сега е во притвор.
Случајните граѓани со кои разговараше еМагазин додека ја правеше оваа вест, со неверување поминуваа покрај кобното место, се прекрстуваа и коментираа колку е голема штета што толку млада и толку убава девојка починала прерарано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска протест поради несреќата во која загина 22-годишната Фросина Кулакова
Денеска со почеток во 13 часот на оваа место се организира протест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка
Фото/видео: еМагазин