еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Солун доби метро

Вчера во Солун беше пуштена првата линија од метрото кое се градеше 22 години.

Таа е долга 9,6 километри и се протега од новата железничка станица до Неа Елветија и вклучува два тунела и 13 станици. Патувањето трае 17 минути.

Продолжението на линијата до Каламарија, како што пренесуваат грчките медиуми, треба да биде отворено до крајот на следната година. Се планира мрежата да се прошири и на западните и северните области на Солун, а до 2040 година, метрото треба да оди и до меѓународниот аеродром.

Метрото е целосно автоматизирано и нема да има возачи.

Интересно е дека при изградбата на метрото се пронајдени над 300.000 артефакти, а дел од нив се изложени на станиците.

Тоа заедно со зголемување на трошоците, и бирократски пропусти, беше причината што доцнеше неговото отворање.

Цената на метрото досега достигна 3 милијарди евра за завршената прва линија и за поголемиот дел од втората линија.

Фото: ANA-MPAwebTV/Видео: Greek reporter

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарско МНР: 88.450 граѓани на РС Македонија имаат бугарско државјанство, не смееме да ги предадеме

Редакција

Во хотел во Охрид најден починат турски државјанин

Редакција

(Галерија) Ракометарите кај Пендаровски: Државата секогаш ќе ви биде дом, нема да заборави што направивте за неа

Редакција