еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Таткото на Фросина Кулакова раскажа што се случувало дентата кога ја загуби ќерката

На вчерашниот втор протест поради загинувањето на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино под мотото „Кој е следен“, во Скопје беше и нејзиното семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Кој е следен„: Нов масовен протест за усмртувањето на Фросина Кулакова

Татко и, Тодор Кулаков за телевизијата Канал 5, со солзи во очите раскажа што се случувало на 29. јаниари, денот кога ја загуби ќерката.

-Прво следуваше многу голем шок, па фаза на бес. Како секој рационален родител, ако може да биде рационален во тие моменти, почнуваш да анализираш, да бараш. Прво се обвинуваш себе си, па блиските, очи си вадиш, а потоа ти се крева маглата, рече тој.

Посочи дека три часа чекале да дојде обвинителка, која била дежурна, а потоа дошол и таткото на 20-годишниот Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

-Место да дојде кај нас, да се помоли за душа на дете, да направи нешто што би направил родител,  тој се провртка и замина.

Утредента ми се запали алармот, кога семејството го носев на брза помош да им удрат инекции за смирување, каде сестрите уште беа таму на смена и ми кажаа дека возачот немал возачка, а тоа никаде не беше споменато.

Колку и да е тешко реков морам да тргнам. Па кога ќе дојде судење уште 10 пати ќе умреш кога ќе видиш каква каша од документација е направена. Ете за таква правда се борам.

Сила ми дава што многу родители не исконтактираа со ваков случај, не само на Партизанска, не само во Скопје, туку и низ другите градови има вакви случаи. Па се сетив на филмот „Полиња на смртта“, е во тоа ги претворија нашите улици. Па добро до кога?

Бараме одговорност, бараме правда за Фросина. Бараме најстрога казна и за родителите кои се монструми и кои создаваат монструми, рече тој за Канал 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој му даде мобилен во затвор на момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова

Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка

Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор

Видео: Канал 5/фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И бугарски државјани, сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Редакција

Извештај на ОН: Бугарија има обврска да ги заштити правата на македонското малцинство

Редакција

Доктор Лазаров: „Еве зошто ПЦР за излез“

Редакција