еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата го достави до Собрание Законот со кој државата ќе се задолжи кон Унгарија за 500 милиони евра

Владата го достави до Собрание Законот со кој државата ќе се задолжи кон Унгарија за 500 милиони евра.

Утре се очекува да се гласа потребата од донесување на Законот, по што ќе расправаат матичните комисии за финасирање и буџет и законодавно правната комисија.

Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период.

Реализацијата ќе се спроведува од Развојната банка, а на крајните корисници средствата ќе им бидат достапни преку комерцијалните банки во земјава.

Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Поддршка со факели за Таравари, откако во дворот му беше пронајден куршум

Редакција

Политиката на Бугарија кон Македонија не зависи од тоа која влада е на власт, порача претседателот Радев

Редакција

Како да изберете добар стан во Македонија?

Редакција