Традционално и годинава на грчкиот остров Хиос, Воскресението Христово беше обележено со „војна со ракети“, еден од највпечатливите обичаи за Велигден, не само во Грција, туку и во целиот свет, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
Годинава беа искористени 30.000 рачно изработени ракети од пиротехнички материјал, а „војната“ се води во селото Вронтадос, каде два табори, од две различни цркви, на оддалеченост од 400 метри „војуваат“ кој повеќепати ќе го погоди црковното ѕвоно на црквата од противничкиот „тим“.
„Војната“ се води меѓу двете цркви Агиос Маркос и Панагија Еритианис, а „тимовите„ за истата се подготвуваат со денови.
Ракети се поставуваат на дрвени основи, а со свиреж се означува почетокот на „војната“.
По час и половина следува пауза, а штом од црквите и верниците се чуе: „Христос Воскресе“, ракетите повторно се испукуваат кон „противничкиот табор“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто се вапцуваат јајца за Велигден
Македонија го празнува Велигден
(Фото) Уметнички јајца за Велигден поставени низ Штип
Фото/видео: Chiosphotos.gr