Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во декември мината година изнесувала 5,21 процент и е намалена за 0,17 процентни поени на месечна основа, додека на годишна основа бележи раст од 0,38 процентни поени.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во декември лани изнесува 5,47 проценти, со минимален месечен пад од 0,01 процентен поен и годишен раст од 1,03 процентен поен.
Новоодобрените кредити на корпоративниот сектор во декември се со месечен пад на каматната стапка од 0,09 процентни поени, и истата изнесува 5,30 проценти.
Во декември 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 процентни поени на месечно ниво и изнесува 5,33 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната каматна стапка на депозитите во декември лани, 1,79%