еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија Бугарија ќе прати амбасадор од заедничката историска Комисија

Во Македонија Бугарија ќе праќа амбасадор, кој е организациски секретар на заедничката историска Комисија, од бугарската страна, пренесуваат бугарските медиуми.

Станува збор за Желјазко Радуков, кој, како што пренесуваат тамошните медиуми, активно работел на заштита на правата и културно-историското наследство на бугарската заедница.

Тој треба да дојде на местото на Ангел Ангелов, чиј мандат завршува во јуни годинава.

Како што пренесува бугарската агенција БГНЕС, Радуков бил дипломат од кариера со искуство во повеќе области на односите меѓу Бугарија и земјите од Западен Балкан.

Професионалната кариера ја почнал во директоратот на бугарското Министерство за надворешни работи (МНР) за Југоисточна Европа, каде што во различни периоди бил одговорен за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, и работел на серија прашања од билатералните односи со овие земји, вклучително и нивната европска димензија.

Во Македонија пак Радуков бил трет секретар во бугарската Амбасада во периодот од 2010 до 2013 година, по што бил прв секретар во Амбасадата на Бугарија во Белград, Србија.

Од 2021 година Радуков бил одговорен во бугарското МНР за Македонија, за билатералните односи и за европскиот контекст.

Радуков имал клучна улога и во креирањето и спроведувањето на т.н. француски предлог.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25-годишно момче силувало 81-годишна старица од струмичко

Редакција

Кина одбива да учествува во втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Редакција

Како дома да се лекуваат пациентите со полесни симптоми на корона вирусот

Редакција