еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонската амбасада оштетена во руски напад на Киев

Денеска во руски напад на главниот град на Украина, Киев, е погодена и зградата во која се наоѓа македонската Амбасада.

Од македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) најостро го осудија нападот.

„Информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на самото место и веќе се работи на нивно санирање“, соопшти МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За ВМРО-ДПМНЕ изборите во овој момент се во втор план

Редакција

Активни три поголеми пожари: близу „Јасен“, над селата Дивље и Крушје и во прилепско Топлица

Редакција

„Освежи го својот дом“: Саемот на мебел ќе се одржи од 20 до 24. март

Редакција