еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) преку предупредувачки протести ќе бараат усогласување на нивните плати со растот на минималната плата, како и избор на нови членови на Управниот одбор, кои ќе го одобрат ова усогласување.

Доколку нивните барања не се исполнат, тие на 1. јуни ќе стапат во генерален штрајк.

На денешниот протест од Синдикатот на вработените во ФЗО, посочија дека во петокот Управниот одбор ја одложил седницата на неопределно, за после изборите, а на истата требало да се одлучи за усогласувањето на нивните плати со зголемувањето на минималецот.

„Со оглед дека самите најавиле дека до формирање на нова Влада немаат во план да донесат никаква одлука по овие прашања, останува прашањето зошто постои Управниот одбор, би било поетички да си отидат и да се изберат нов,“ изјави претседателот на синдикалната организација, Бранко Аџигогов.

Од Фондот штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.

Од ФЗО бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штрајкот на Фондот за здравство може да ги остави пациентите без боледувања и лекови, лекарите без плата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали Османи во врска со Сребреница зборува во името на цела Македонија, прашува Дачиќ

Редакција

Спасе останал без родители, живее сам и наследил долгови  

Редакција

Нема крај со кривичните пријави кон поранешни директори на институциите, овојпат за екс-директорот на Агенцијата за катастар

Редакција