еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Врховен ја потврди 9-годишната затворска казна на Груевски за „Плацови на Водно“

Врховниот суд ја потврди девет годишната затворска казна за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за случајот „Плацови на Водно“.

Од Судот го одбија како неосновано неговото барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за случајот.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр. 63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр. 127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано“, велат од таму.

Груевски поднесе барање за преиспитување на пресудата во јули годинава, откако претходно Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда на Кривичниот суд и му ја зголеми казната затвор од седум на девет години.

Во случајот за виновен беше прогласен и поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој доби затворска казна од една година и три месеци, а таа од Апелација потоа беше преиначена во условна казна.

На едногодишна затворска казна беше осуден и бизнисменот Орце Камчев, а условни добија негова мајка Ратка Куновска-Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професор од Кавадарци бесплатно нуди интернет математика во време на изолација поради коронавирусот

Редакција

Филипче: Британскиот сој е со полесна форма на болеста, но побрзо се шири, да останеме претпазливи

Редакција

Од Ковид-19 починаа 37 лица, најмладите на 22 и 35-годишна возраст

Редакција