еМагазин
Image default
Македонија

Оливер Спасовски и Наќе Чулев единствени кои дале исказ во Обвинителството за софтверот на Рашковски

Единствените кои досега се распрашани како сведоци во предистрагата за софтверот на Драги Рашковски се актуелниот и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Наќе Чулев. Двајцата во различни денови биле на распит и сведочеле во постапката, потврдиле за „Телма“ од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Спасовски бил на распит како сведок во средата, кога давал исказ дека МВР нема потреба за софтверот купен од Рашковски, бидејќи сметала дека користењето на „сејф сити“ системот за сообраќајни прекршоци е спротивен на законската заштита на лични податоци. „Сејф сити“ се користел само при кривични истраги, па поради тоа немало одлука за набавка, ниту потреба од софтверот смислен и купен од ист човек, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Исказот, Спасовски го давал пред обвинителката Вилма Русковска. Пред Русковска како сведок во четвртокот седнал и екс министерот Наќе Чулев и ги кажал своите сознанија од неговиот мандат, односно дека немал информации за набавката на Рашковски, пренесува Телма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фон дер Лајен денеска во Скопје: Каква помош од ЕУ ќе добие Македонија за справување со енергетската криза

Редакција

Европскиот суд за човекови права го одби барањето на Камчев да биде пуштен во домашен притвор

Редакција

Kондуктер во Железници осомничен за криумчарење мигранти

Редакција