еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Европскиот суд за човекови права го одби барањето на Камчев да биде пуштен во домашен притвор

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур го одби барањето на адвокатскиот тим на Орце Камчев на државата да и се изрече времена мерка со која тој ќе биде во домашен притвор и ќе му биде извршен медицински преглед од кардиолог поради неговата влошена здравствена состојба.

Ова всушност значи дека ЕСЧП одбил да и наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог.

Владиниот агент на Бирото за застапување на државата пред ЕСЧП, Даница Џонова, во изјава за МИА, потврди дека барањето за времена мерка против државата за Камчев е одбиено.

Адвокатскиот тим на Камчев, претходно во неколку наврати алармираше дека имаат медицински белешки од кардиолози од земјава и странство, кои укажуваат дека тој спаѓа во група на пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми. Врз основа на тие белешки, одбраната на Камчев, го поднела и барање пред ЕСЧП.

Камчев веќе неколку месеци е во притвор како обвинет во случајот „Плацевите на Водно“, кој се наоѓа во доказна постапка.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водата во морето на првиот крак на Халкидики е чиста, незагадена и безбедна, велат локалните власти по укажувањето на туристи дека таа е заматена

Редакција

Вкупно импортирани 678 случаи на Ковид-19

Редакција

Што треба да знаете за криптовалутите: Кои се разликите помеѓу нив и парите?

Редакција