еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Водата во морето на првиот крак на Халкидики е чиста, незагадена и безбедна, велат локалните власти по укажувањето на туристи дека таа е заматена

По укажувањата од граѓаните и туристите за заматена вода и можни проблеми во морето во делот околу Фурка и Посиди на првиот крак на Халкидики, особено по поплавите во Грција, општина Касандра направила анализи на примероците од водата, а резултатите покажале дека е чиста, незагадена и безбедна, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општината соопштија дека завчера ги добиле резултатите од анализите „кои покажуваат дека нема загаденост и нема причина за загриженост“.

-Морето во Касандра е беспрекорно чисто и подготвено да ги пречекаат граѓаните и посетителите, соопштија од општината.

Градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа во интервју за солунско радио објасни дека од превентивни причини, проверките ќе продолжат и ќе се земаат примероци на секои два дена.

Додаде дека анализите биле за морскиот дел околу Фурка, Посиди и Сивири поради матната вода, која најверојатно се должи на времето и силниот ветер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов повик за приватни превозници во Скопје, три пропаднаа

Редакција

Обвинителството и МВР отворија предмет за интервјуто на Латас кај Лазаров

Редакција

Убава вест: 184 излекувани здравствени работници од коронавирусот во Македонија

Редакција