Вчера во Македонија се бојкотираа маркетите по вторпат, а податоците кои денеска ги објави Управата за јавни приходи (УЈП) покажуваат каков ефект имал.
За разлика од претходниот петок, кога прометот на осумтте најголеми маркети беше намален за 47%, вчера тој е намален за 22,12%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојкотот го преполови прометот во маркетите, се намалил за 47% информираат од УЈП
Податоците на УЈП за целата територија на Македонија, покажуваат дека во четврток, на 06.02.2025 година до полноќ, во системот за регистрирање на готовински промет – GPRS е регистриран вкупен промет од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки.
Во петок, на 07.02.2025 година до полноќ, во GPRS е регистриран промет од 181.288.348 денари, а издадени се 346.317 фискални сметки.
Во петок, на 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS е регистриран промет од 114.293.367 денари.
Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година.
Од УЈП посочуваат и дека за разликите во прометот на двата дена кога се бојкотираше, треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики.
-Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување, велат од УЈП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маркети ќе се бојкотираат и во Косово и Бугарија
И во Грција ќе има бојкот на маркетите
Фото: Игор Бансколиев