Сопственикот на Пуцко петрол, Асмир Јахоски и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, кој е осомничен за случајот за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино излегува од затворски притвор.
Тој е осомничен за перење пари.
Одлуката е донесена на денешната седница на Апелациониот суд Скопје, на која се разгледуваше неговата жалба, за да излезе од притвор, која е уважена, информираа од Судот.
Тој доби мерки на претпазливост.
-Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А. Ј. од С. со прифаќање гаранција во износ од 986.540 евра, во денарска противвредност од 60.672.235 денари, со ставање хипотека на недвижен имот во корист на Република Северна Македонија и износ од 72.000.000 денари готови пари, во корист на Република Северна Македонија.
Истовремено спрема осомничениот А. Ј. од С. се определени мерки на претпазливост: обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице во Основен кривичен суд Скопје и привремено одземање на постојната патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.
При одлучувањето Судот го имаше предвид претходно прибавениот позитивен предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје да се уважи жалбата на осомничениот, со прифаќање на понудената гаранција.
Делот од гаранцијата понуден и прифатен во готови пари од 72.000.000 денари претставува паричен износ еднаков на претпоставената штета за која осомничениот се сомничи дека ја сторил во конкретниот кривично правен настан, велат од Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Пуцко петрол