еМагазин
Image default
Македонија

Докторот Илир Демири e нов директор на Клиничката болница во Тетово

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка болница Тетово го именуваше докторот Илир Демири, кој на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за Ковид-19 центарот, информираат од Министерството за здравство.

-Доктор Демири, кој е специјалист инфектолог поседува богато работно искуство, и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Тој од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор.

Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против Ковид-19 од самиот почеток на пандемијата.

Доктор Демири е добитник на титулата „Европска личност за 2020 година“. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните.

Доктор Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од лични причини оставка поднесе в.д. директорот на Клиничка болница Тетово, Плумб Вела

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечна детална листа: Која партија по колку советници доби во Советот на Град Скопје

Редакција

Убава вест: Оздравеа уште 18 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 1682

Редакција

МНР: Најтешко повредената патничка од сообраќајката во Србија префрлена во Ниш

Редакција