еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Скопски Аеродром блесна во новогодишен сјај

Естетски украсен парк со феноменални светилки и 15 метарска елка, новогодишен базар на кој може да се најдат уникатни производ, вкусна храна, бесплатно вино и греено вино, маскоти од цртаните филмови и многу македонска музика на „Новогодишна Бајка“ во парк „Авионче“ во Аеродром.

„Новогодишна Бајка“ го оплемени паркот „Авионче“ во Општина Аеродром со убаво спакувана новогодишна приказна, која веќе два дена на скопјани им нуди одлична програма и активности за максимално уживање.

Вчеравечер се случуваше вистински делириум на настапите на Кате „Нели ти реков“ и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле и Тони Андреев, повеќе од пола тон вино се наточи благодарение на винаријата Парагон, која по повод новогодишните празници на сите посетители на настанот во сите три дена им обезбеди бесплатно вино од нивниот асортиман, а дополнително и бесплатно греено вино со мирудии.

Освен музички репертоар, посетителите настанот „Новогодишна Бајка“ имаат можност да уживаат и во различни производи на базарот, каде што се достапни рачно изработени ракотворби, вина, вкусна храна и други креативни производи.

Дополнително, за најмладите, има забавни активности со омилените маскоти од цртаните филмови, како и специјален гостин – Дедо Мраз!

Вечерва на програмата ќе може да се слушнат Тамара Волчевска, Таско и Тони Зен, а ќе бидат присутни и Мики и Мини Маус, Paw Patrol, Eлса и Mињони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Железничкиот сообраќај во прекин поради бојкот на машиновозачите

Редакција

Уставен поведе постапка за оценување на членот 11-а од дополнувањето на Законот за помилување

Редакција

(Видео) Пандев му го подари дресот на Џамбо Агушев и славеше со неговиот оркестар

Редакција