еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Мис Европа 2024: Две титули за Македонија

Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2024 на кој нашата држава имаше две претставнички, 20-годишната Ева Јовановска од Тетово и Каролина Јанчовска, (21) од Скопје.

Двете од Либан се враќаат со титули : Ева ја освои титулата четврта придружничка, а Каролина титулата Miss Elegance.

Победничка, односно новата Мис на Европа е претставничката на Русија, прва придружничка е Белорусија, а титулата втора придружничка ја освои Украинката.

Двете наши убавици се дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој избор за убавина кој традиционално векје со години се одржува во Бејрут, Либан во организација на Style Events Organization.

Нашите девојки на финалето се претставија во модели на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водата во Охридското Езеро е чиста и исправна за капење

Редакција

Кривична за полициски службеник од Македонска Каменица за „загрозување на сигурноста“

Редакција

Нови 347 заболени од Ковид-19 од 2.383 тестирања, во Скопје 157

Редакција