еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кривична за полициски службеник од Македонска Каменица за „загрозување на сигурноста“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против И.И. од Македонска Каменица, полициски службеник во Полициското одделение Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик, односно дека упатил закани кон лице од Македонска Каменица, информираат од МВР.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеници поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР, а изречена е и мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка,“ велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За лидерката на владејачката ДОМ, Морачанин, францускиот предлог не е добар

Редакција

(Фото) Ново спортско-рекреативно катче за битолчани

Редакција

(Видео) Заев од Конгресот на СИРИЗА: Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот

Редакција