еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За лидерката на владејачката ДОМ, Морачанин, францускиот предлог не е добар

Во интервју за Нова ТВ, претедателката на владејачката ДОМ, Маја Морачанин вели дека францускиот предлог не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ.

Таа останува на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси.

Морачанин нагласува дека македонскиот јазик и идентитет не смеат да бидат предмет на преговори.

„Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година.

Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, најбрзо што е можно“, вели Морачанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија со пет нови барања за измени во францускиот предлог

Бугарија сака Бугарите во Македонија да влезат не само во Преамбулата, туку и во нормативниот дел, откри Пендаровски

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Фото: Фејсбук/Морачанин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема разлика во цените: Два станови во Куманово за еден во скопски Карпош

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Присуството на антитела значи заштита од Ковид-19, не е важно колкав е нивниот број, вели доктор Киријас

Редакција

На менаџментот на Витаминка лани исплатени надоместоци од 15,6 милиони денари

Редакција