еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат од половина до денар

Од вечерва по полноќ цената на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, поевтинува за половина денар, а на дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер 95 е 73 денари за литар, на Еуросупер 98, 75 денари за литар, а на дизелот, 65 денари за литар.

Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,5 денари и ќе се продава за 65 денари за литар.

За 1,1 денар поевтинува и цената на мазутот и ќе се продава по цена од 36 денари по килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој го уби навивачот на АЕК, Грците велат хрватски, Хрватите грчки навивач

Редакција

Стопанска банка Скопје ќе дели дивиденда на приоритетните акции

Редакција

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес

Редакција