еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Гранит со зголемена добивка во третиот квартал

Гранит АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил добивка во износ од 140.605 илјади денари, информира Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупната сеопфатна добивка изнесува 1.265.780 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 1.125.175 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 2024 година (пораст на пазарна цена на акцијата на КБ од 14.200 денари до 24.096 денари во периодот од 01.01-30.09.2024).

Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2024 година изнесуваат 2.775.025 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 21%.

Приходите од продажба за периодот јануари – септември 2024 година изнесуваат 2.593.203 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 23%, пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти (Паланка – Деве Баир, мост Љубљанска и Паланка – Длабочица) на кои работеше Друштвото се завршени до крајот на 2023 година и во текот на 2024 година, додека нови проекти се се уште во тендерска процедура и се во мал број.

Финансиските приходи за периодот јануари – септември 2024 година изнесуваат 111.078 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат зголемување за 78% пред се како резултат на повисоката добиена дивиденда од акциите во Комерцијална банка АД Скопје.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2024 година се во износ од 2.634.419 илјади денари, а споредено со истиот период 2023 година бележат намалување за 23% .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Гранит“ ја купи “Леп-коп инвест“

Директорот на Гранит, Зоран Милковски купи уште 500 акции на компанијата

Гранит ја зголеми добивката за 84%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангелов апелира до граѓаните да ги избегнуваат повисоките места кога се највени снежни врнежи

Редакција

Европска комисија: Македонската економија годинава ќе порасне за 2,1%, главен ризик можната политичка нестабилност

Редакција

ЗК Пелагонија ќе продава 2.803 сопствени акции или 1,12% од основната главина

Редакција