еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните да пријавуваат ако забележат потпалувачи, апелира Ангелов

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов апелира граѓаните да го пријавувуваат секое сомнително движење ако забележат потпалувачи, а ако им е страв лично да се јават на 112, нека кажат на некој комшија, полицаец, вработен во ЦУК.

Тој најави дека ќе бара дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија кои загрозуваат човечки животи и трошат државни ресурси.

„Борбата против овие кои палат мора да биде жестока, мора жестоко да возвратиме, бидејќи превенцијата е најдобриот начин. Тогаш кога ќе бидат казнети, тогаш ќе бидат внимателни. Нема никакво оправдување за ваквото несериозно однесување,“ рече Ангелов.

Владата вчера ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите.

На истата седница беше донесена одлука да се обезбедат 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите.

Од овие средства кои 41 милион денари за ДЗС, додека 10,5 милиони се за покривање на трошоците за сместување, храна и транспорт за персоналот при престојот во државава на странската помош за справување со пожарите.

Денес се активни 9 пожари во Пехчево, Кочани, пожарот од двете страни на Галичица, кај селото Зајас, кај селото Врбен и кај Новаци.

Фото: Принтскрин видео/ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 155 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција

(Видео) „Монструм од пожар“, вели Ангелов за пожарот кој избувна кај Македонски брод

Редакција

Докторот Караџовски се уште е во болница

Редакција