Средбата помеѓу лидерот на крилото на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски во Владата, „завршила во конструктивен дух“.
„Разговорите продолжуваат, во текот на овој месец ќе се знае иднината за функционирањето на Алијансата на Албанците,“ велат од Влада.
Мицкоски денеска на новинарско прашање одговори дека Таравари и неговите сопартијци треба да одлучат дали ќе продолжат да се дел од Владата која оди по патот на реформи, владеење на правото или ќе одбере да коалицира со политички сили за кои рече дека изминатите години ја криминализираа државата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.