еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на Галичица

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека денеска две лица загинале откако со возило излетале во провалија на Галичица.

Од таму велат дека возилото е лоцирано на место викано „Превој“ на Галичица.

-Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“, информираа од ЦУК.

Екипа на СВР Охрид, планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжуваат со извлекување на настраданите и на возилото од провалијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 524 оздравени од Ковид-19

Редакција

Најмногу слободни работни места во услужни дејности и продажба

Редакција

Средба Заев-Столтенберг: НАТО ќе испрати дополнителна помош за справување со Ковид-19

Редакција