Претседателот на Советот на Општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на Ден на жалост во Прилеп.
Согласно предлогот, утрешниот ден, петок, 4. октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост, поради трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа прим. д-р Александар Ристески, радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, сите од Прилеп, вработени во болницата Плодност во Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Двајца лекари и рендген техничар се загинатите во сообраќајката на патот Прилеп-Битола
Фото: Општина Прилеп
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.