еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Активни 13 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во Македонија денеска има активни 13 пожари, од вкупно 28. пожари на отворено регистрирани во последното деноноќие.

Пожарите се во општините: Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација), Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума), Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација), Општина Студеничани место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума), Општина Штип помеѓу селата Драгоево и Селце, с.Пухче и с. Пиперово (ниска вегетација и грмушки), Општина Чашка кај с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче, (мешана шума и ниска вегетација), Општина Македонски Брод с. Слатина , кај Грешница (нискостеблеста шума, ниска вегетација), Општина Проби Штип кај с.Гајринци(нискостеблеска и висока трева), Општина Чашка, кај с.Подлес (ниска стеблеста,деградиране шума и ниска вегетација), Општина Битола кај м.в Смолево (ниска вегетација и шума), Општина Прилеп, с.Небрегово(ниска вегетација и шума), Општина Долнени с. Небрегово (Нискостеблеста шума) удар од гром, Општина Штип, кај Пепелиште(ниска вегетаицја)

Пожари под контрола има четири: Општина Долнени с. Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума), Општина Делчево (градска депонија), Општина Македонски Брод : с.Девич (дабова шума) и Општина Радовиш ,с. Штурово ( мешовита шума)

Локализирани има два пожари во Општина Василево: помеѓу селата Вељуса и Ангелци (ниска вегетација) и Општина Конче: с Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума).

Изгаснатии се девет пожари во: Општина Росоман 2 пожари:с.Трстеник, с.Манастирец (ниска вегетација), Општина Ново Село: с.Бадилен (дабова шума и борова шума), Општина Зелениково: с.Вражале (ниска вегетација и шума), Општина Виница: Ромско маало (ниска вегетација), Општина Струга 2 пожари; с.Татеш (стрниште) и с.Велешта (стрниште), Општина Струмица; Клучката кон с.Попчево на регионалниот пат Струмица –Валандово(ниска вегетација и капини), Општина Битола: Гермаски гробишта нас.Баир (Ниска вегетација и шума), Општина Чашка: 2 пожари меѓу с.Јаболчиште и с.Раштани (ниска вегетација), Општина Прилеп 3 пожари: кругот на ,, Црн Бор ” и,, Бин- Фут” (ниска вегетација) м.в „Расомбегово“ (ниска вегетација), с.Кошино (ниска вегетација и шума)

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за министри и заменици-министри во техничката влада

Редакција

КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија

Редакција

Обезбедени гласови на 82 пратеници од потребните 80 за уставни измени?

Редакција