еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали за убиството во Дебреше: По тепачка со еден од браќата, тројцата влегле во куќата на соселанецот и го убиле со пушка и пиштол

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

-Тројцата браќа од селото Дебреше, на 23. јули, со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања.

На критичниот ден, најпрво настанала физичка пресметка меѓу еден од браќата и жртвата. По тепачката, осомничениот ги повикал и своите браќа, кои револтирани од домовите зеле огнено оружје – калашников и пиштол. Сите тројца со автомобил “Волво” со швајцарски регистарски таблички се упатиле кон куќата на оштетениот.

Кога го пронашле, пукале кон него и со пиштолот и со автоматската пушка, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои жртвата веднаш починала.

По настанот тројцата осомничени беа задржани во краткотраен 48-часовен притвор со цел да се извршат сите вештачења. Со поведувањето на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците кои евентуално би било потребно да се сослушаат, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е мотивот за убиството на 35-годишниот маж во Дебреше?

Во Дебреше убиен 35-годишен маж, приведени тројца браќа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени уште две лица кои на протестот против „францускиот предлог“ нападнале полициски службеници

Редакција

Две гранати од Првата светска војна пронајдени при ископ во Битола

Редакција

Во Тетово семејно насилство врз сопруга, употребен и остар предмет

Редакција