Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги додели традиционалните годишни награди, оддавајќи признание на најистакнатите новинари и медиумски професионалци.
Комисијата за награди во состав Герман Филков, Душица Мрѓа и Сенат Зулбеари годинава ја додели наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ на Ѕвездан Георгиевски, како признание за неговиот траен придонес во македонското новинарство.
Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ беше доделена на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Службеничка од пошта ги штитела централите на ЕСМ од пепел, пеплосан“.
За најдобро новинарско известување на локални и регионални теми, наградата ја доби Фисник Џелили од Порталб.мк за сторијата „Насилството меѓу учениците – сериозен аларм во Тетово“.
Наградата за најдобар снимателски проект од јавен интерес за 2024 година ја доби Иван Поповиќ за прилогот “Климатски миграции: Преспа во трка со времето да ја зачува водат“, објавен на платформата doma.edu.mk.
Признанија за посебен придонес во промоцијата на професионалното истражувачко новинарство добија: Новинарскиот истражувачки магазин КОД од ТВ Телма за сторијата „Тендерите во лотарија за набавка на видеотерминали и милионите евра”, Александар Димитриевски и Михаил Милошевски за серијата на прилози на тема: „Бојан Христовски, поседува сертификат за познавање на англиски јазик од студио/училиште кој датира од период во кој издавачот на сертификатот ниту остварувал приходи (не работел), ниту пак бил на листата правни субјекти“, објавени на 360 степени.
Трајче Антоновски снимател од ИРЛ беше награден за најдобра камера и филмско изразување за сторијата на тема: „Украдени животи“.
Фото: ЗНМ