еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Доделени наградите на МИМ за најдобри истражувачки приказни

Александар Димитриевски ја доби првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2023“ на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), за сторијата „Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“, објавена во емисијата „360 степени“.

Втората награда ја доби новинарката Ирена Мулачка за серијалот текстови поврзани со случувањата на Клиниката за онкологија, објавени во неделникот „Фокус“.

Новинарот Мартин Пушевски е добитник на третата награда за Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови за борбата на граѓаните од Струмичката Котлина против отворање на рудникот „Иловица“, објавени на порталот „Дома“.

Редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби наградата за Најиновативен новинарски производ, за истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“, емитуван на МТВ1 и на веб-страницата на ИРЛ.

Наградата за Најдобра репортерска фотографија ја доби фоторепортерот Томислав Георгиев за фотографијата „Црква“, објавена во интернет изданието на неделникот „Фокус“.

Фото: МИМ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска е Прочка: Какво е значението на овој голем празник пред почетокот на Велигденските пости

Редакција

Поранешниот заменик министер Бојмацалиев заработи кривична оти спречил вработување на една од најдобрите студентки од Факултетот за безбедност

Редакција

Македонците го „окупираа“ Солун

Редакција