еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Македонски граѓани на „среќа“ се уште одат по вакцина во Србија

И покрај тоа што властите во Србија пред извесно време јавно посочија дека повеќе нема да вакцинираат против Ковид-19 странски државјани, македонските граѓани продолжуваат да патуваат во Србија за да се вакцинираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И официјално: 10.000 граѓани заминале во Србија изминатиот викенд

Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 руски вакцини „Спутник“

Така беше и овој викенд. Граѓани кои во петокот и саботата отпатувале во Србија за вакцинација сведочат за еМагазин дека македонски граѓани, дури и цели фамилии на „среќа“ во Врање и Лесковац се обидувале да се вакцинираат, а голем дел од нив не успеале во намерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во над 1.500 компании од Балканот се вакцинираа во Србија

„Благодариме Србија што ни ги спасуваш животите“: Српските медиуми за масовната вакцинација против Ковид-19 на регионов

Македонија своите први вакцини против Ковид-19 како донација ги доби токму од Србија, која прво испрати вакцини од „Фајзер“, а потоа и од „Спутник“.

Според моменталните информации во Србија досега се вакцинираа над 10 илјади македонски граѓани, а нашето Министерството за здравство се уште го чекаа целиот список на наши граѓани кои се вакцинирале во Србија.

Таму се вакцинираа и македонски лекари, новинари, бизнисмени…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Благодариме Србија што ни ги спасуваш животите“: Српските медиуми за масовната вакцинација против Ковид-19 на регионов

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Имаат туристи за јавање на коњи на Галичник, нема превоз како да ги донесат до таму

Силвана Жежова

Професор Трајковски: Доколку сметаме со 1,7 милиони жители одвишната смртност во Македонија е 615 починати на 100.000 жители

Редакција

Мерцедесот се запалил во движење: Детали од МВР за запалениот автомобил на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Манасков

Редакција