еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 руски вакцини „Спутник“

Србија ѝ донираше на Македонија 20.000 од руските вакцини Спутник V, од пристигнатите 100.000 кај нив, изјави на прес-конференција премиерот Зоран Заев, кој денеска со министерот за здравство Венко Филипче ги пречекаа овие вакцини пред Институт за трансфузиологија.

Од следната пратка за Србија со уште 100.000 вакцини „Спутник V“, за Македонија ќе бидат донирани уште 20.000.

Заев истакна дека овие 40.000 вакцини се многу важни за одржување на континуитет на вакцинацијата.

Премиерот се заблагодари на српскиот државен врв, бидејќи покажуваат чин на пријателство и хуманост во овие тешки моменти.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ова ќе значи континуитет на вакцинирањето и вклучување на поголем број на групи.

Премиерот Заев вели дека до мај се очекуваат 25.000 вакцини од ЕУ од вкупно 100.000 што се предвидени, пристигнување на 200.000 од кинеските вакцини на „Синофарм“, 800.000 вакцини на „Фајзер“, како и „Спутник V“ исто така.

Тој додаде дека нарачката за вакцини во мај ќе ја зголемат за 500.000 од кинеската вакцина на  „Синовак“, за да се дојде до бројка од 2.600.000 дози на вакцини што е доволно за имунизација на 1.300.000 граѓани на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој и каде ќе се вакцинира со руската вакцина „Спутник“

Се што треба да знаете за „Спутник V“, руската вакцина која пристигна и во Македонија

Заев ќе се вакцинира кога ќе стигне на ред и со вакцината која во тој момент е на располагање

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Нуредини e во самоизолација, ќе работи од дома

Редакција

Нови 476 случаи на Ковид-19 од 3.145 тестирања, бројката на активни е 8.455

Редакција

Појава на кластер ја зголеми бројката на новозаболени од Ковид-19 во Кичево

Редакција