еМагазин
Image default
Македонија

Појава на кластер ја зголеми бројката на новозаболени од Ковид-19 во Кичево

Последните неколку дена во благ пораст е бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево, при што пред три дена Општината беше лидер по бројот на нови случаи на болеста во земјава. Таа бројка на новозаболени се повторува и денеска, кога во Кичево се регистрирани четворица позитивни од 14 тестирани граѓани, потврди за МИА доктор Неџат Балажи.

– По неколкудневна стагнација, бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево е во благ пораст. Така, денеска од 14 тестирани граѓани четворица се позитивни и од 10 лица кои се снимија на ренген кај три лица наодот е позитивен.

Во градот е појавен кластер во едно семејство, каде бројот на новозаболени е причина за овие показатели. Граѓаните премногу несериозно ги прифаќаат апелите од Владата, да се придржуваат на мерките да не се групираат и во затворен простор задолжително да носат маски, вели Балажи.

Тој истакна дека во ковид-центарот се хоспитализирани тројца пациенти и со денешните новозаболени кои најверојатно ќе бидат примени на лекување нивниот број двојно ќе се зголеми.

– Поради благиот пораст на новозаболени се очекува денеска дијагностицираните да бидат примени во ковид центарот на натамошно лекување. Тројцата претходно примени пациенти се на кислородна подршка, но се надвор од животна опасност, додава докторот.

Тој појасни дека во Здраствениот дом во полн ек е ревакцинација на граѓаните кои претходно се вакцинирале со кинеската вакцина на „Синофарм“ и досега се ревакцинирани оклоу 400 пацинети од 700 колку што ја примиле оваа вакцина.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева на распит за „Рекет“, откако истрагата заврши

Редакција

Францускиот предлог ќе биде ставен во процес на институционална консултација и увид на јавноста, вели Османи

Редакција

Оставката е лична работа на Мерко, Собранието не ги оценува ставовите на дипломатските претставништва, вели Џафери

Редакција