еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Се што треба да знаете за „Спутник V“, руската вакцина која пристигна и во Македонија

Вчера во Македонија пристигнаа првите 3.000 дози од предвидените 200 илјади, на руската вакцина „Спутник V“.

Нашата земја е 46. земја во која е регистрирана оваа вакцина, вклучувајќи и неколку земји членки на Европската Унија и покрај тоа што истата моментално чека на одобрување од Европска агенција за лекови.

Моментално и во Светската здравствена организација (СЗО) се разгледува барањето оваа вакцина да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што треба да знаете за вакцините на Фајзер, кои денеска пристигнаа од Србија

Се што треба да знаете за кинеската вакцина на „Синофарм“, со која ќе почне вакцинацијата во Македонија

Што треба да знаете за вакцината на АстраЗенека, која прва ќе пристигне во Македонија преку КОВАКС системот

Колку е ефикасна

Руската вакцина „Спутник V“ е 91,6 отсто ефикасна во спречување на заболување од Ковид-19, покажува рецензијата за резултатите на доцниот стадиум на испитување, кој го објави меѓународниот медицински весник „Лансет“.

Научниците наведоа дека резултатите од испитувањето на третата фаза значи оти светот има уште едно ефикасно оружје за борба против смртоносната пандемија.

По ефикасност е слична на mRNA вакцините развиени од Фајзер/БионНТек и Модерна, и не предизвикува невообичаени несакани реакции.

Во упатството на „Спутник V“ има препорака за претпазливост само кај трудници и доилки. Не е наведена никаква друга контраиндикација, изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче

Вакцината ја разви и ја испитуваше Институтот Гамалеја во Москва.

Руската вакцина „Спутник V“ е првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот. Таа беше регистрирана во август минатата година.

За каква вакцина се работи

Технологијата на производство на аденовирусната вакцина „Спутник V“ е позната повеќе од 30 години.

Таа претставува вакцина со т.н. „вирусен вектор”, во чија основа лежи генетски модифициран човечки аденовирус.

Како и повеќето досега развиени вакцини се дава во две дози и се чува на температура од – 18 до -20 степени.

Вакцината е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Браво за волонтерите на Црвен крст, кои се во првите борбени редови во „битката“ со коронавирусот

Редакција

Бројот на активни се симна под 2.000: Нови 23 случаи на Ковид-19 од 2.755 тестирања

Редакција

Кои се обичаите: Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Редакција