еМагазин
Image default
Бизнис

Државна лотарија ја демантира албанската опозиција

Државната лотарија на Северна Македонија најостро ги демантира дезинформациите и невистините што ги шири албанската опозиција за наводно отворање на тендерската постапка за 2.000 машини и 2.000 нови столчиња за набавка на апарати за игрите на среќа, информираат од таму.

-Државната лотарија на Северна Македонија ја информира пошироката јавност дека немало и нема ваква тендерска постапка и дека информациите протекуваат за политички цели и за оштетување на имиџот на Државната лотарија.

Државната лотарија на Северна Македонија бара од експонентот на албанската опозиција што ја пласира оваа информација на прес-конференција со медиумите, но и од коалицијата на албанската опозиција да се извини за лажните информации објавени во јавноста, во спротивно ќе се соочат со тужби за клевета и намерно оштетување на имиџот, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски Бетон го продава хотелот Бетон во Дојран на “Репро 21“ за 1,1 милион евра

Редакција

Смени во Управниот одбор на Факом

Редакција

Компании од индустриските зони најавуваат преселба на капацитетите од Украина во државава

Редакција