еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕВН со нова фотонапонска централа во Пробиштип

ЕВН Македонија Електрани ја стави во функција новата фотонапонска централа во Пробиштип со инсталирана моќност од 11MWp, информираат од таму.

Со ова, компанијата го зголемува производственото портфолио од реализирани фотонапонски системи во државата на 20 MWp.

Планираното годишно производство на новата фотоцентрала изнесува 16 GWh, што во превод би значело снабдување со електрична енергија на околу 4.000 домаќинства годишно.

На настанот за одбележување на почетокот на работа на фотонапонската електрана во Пробиштип присуствуваше Управниот одбор на ЕВН Македонија на чело со Волфганг Маиер, кој изјави дека со оваа инвестиција компанијата се доближува еден чекор поблиску до својата стратешка цел за 60 MWp инсталирана моќност до 2030 година во обновливи извори на енергија.

Фотоволтаичната централа „Пробиштип“ се наоѓа во близина на село Бучиште, општина Пробиштип. Изведена е како комплекс од 3 централи со поединечни моќности од 450kWp, 950kWp и 9500kWp.

Вкупно се поставени 20.148 бифацијални панели со поединечна инсталирана моќност од 535 Wp, како и 42 инвертори со поединeчна моќност од 250kW. Се поврзува на дистрибутивната мрежа преку 6 распределени трафостаници.

Во функција е и новоизградената фотонапонска централа во Штип со капацитет од 4 MWp. Со постоечките капацитети годишно ќе се редуцираат 138t CO2 при производство на електрична енергија, со што значително ќе се придонесе во зачувувањето на животната средина.

Инвестирањето во обновливи извори на електрична енергија ќе продолжи и во 2024 година, во нови 10MWp во околината на Куманово како и 3,3 MWp во околината на Прилеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Усвоен Извештајот за Македонија: Европскиот парламент го одобрува притисокот што Бугарија го врши за да историјата се толкува на нивен начин

Редакција

Нема нов француски предлог кој се разликува од тој што бугарското Собрание веќе го одобри, вели бугарската министерка Генчовска

Редакција

Бугарија и денес не го прави тоа што треба да го прави како сосед, порача на Денот на победата над фашизмот, претседателот на Сојузот на борците

Редакција