еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Чалгија саунд систем следни на фестивалот „Светско, а наше“ во Јавна соба

Нова сабота – нов концерт на светска музика: на 9. март во Јавна Соба настапува бендот Чалгија саунд систем. Саботните вечери посветени на жанрот светска музика во Јавна соба полека стануваат дел од регуларната скопска сцена и публиката се навикнува на оваа квалитетна музичка програма.

Инаку Чалгија саунд систем е бенд кој уште од почетокот наиде на одличен прием во Македонија остварувајќи со тоа огромен број концертни настапи насекаде. Но Чалгија саунд систем ги пренесува звуците на чалгијата и низ светот одржувајќи концерти во Турција, Грција, Србија, како и на еден од најголемите фестивали на музика на светот во Рудлштад, Германија каде во 2022 година ја делеше сцената со најголемите ѕвезди на балканските и светските простори, што од жанрот ворлд музика, што од рокенрол фелата.

Своето албумско деби во 2010 година со истоимен албум во кој беа без никакво двоумење отсвирени и отпеaни некои од најубавите македонски чалгиски песни. Созревајќи, во 2019 год, бендот го издаде својот втор албум именувајќи го „Тихувај” како провокација за авторски поглед на нова чалгија во која беа вметнати современи звуци.

Летото 2023 Чалгија саунд систем направи омаж на еден од последните охридски трубадури – Климе Садило изведувајќи ги неговите незаборавни виолински делници без никакви додавки или преаранжирања положувајќи го тестот на строгата охридска публика.

На крајот, ќе ги пренесеме зборовите на луѓето кои внимателно и постојано ја следат кариерата и растежот на овој бенд и кои велат дека Чалгија саунд систем е тивка и суптилна непомпезна музичка пројава, но со музички моќно и силно влијание кај вистинските музички сладокусци.

Бендот го сочинуваат: Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман – виолина, Дориан Јовановиќ – ут, Бошко Мангаровски – канон и Филип Крстевски – перкусии.

World Music Saturday е мотото на фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба.

Билетите можат да се купат на: drugastrana.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил поранешниот директор на Онкологија, Васев, кој се суди за пациент кој починал, откако не му препишал лек

Редакција

Убава вест: Оздравени 85 болни од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 442 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција