еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска прогласен за Роман на годината

Новиот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, е добитник на овогодишната награда „Роман на годината“.

Романот е во издание на ТРИ и уште по своето објавување ја освои читателската публика.

Жири-комисијата составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева, одлучи токму романот на Димковска да се закити со една од најпрестижните и несомнено најпосакуваните признанија во домашната книжевност.

„Единствен матичен број“ е четврти роман на авторката, од кои „Резервен живот“ исто така беше во најтесниот круг за оваа награда во 2012 година.

Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 година, од „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.

За Издавачки центар ТРИ ова е петта награда „Роман на годината“, информираат од таму.

Лидија Димковска се придружи на низата квалитетни автори кои во издание на ТРИ претходно се здобиле со ова признание – Венко Андоновски со „Папокот на светот“ (2000 г.), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка“ (2006 г.), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај“ (2008 г.) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ (2012 г.).

Критиката веќе се огласи за многузначноста и значајноста на ова прозно остварување на Димковска. Читателите исто така ја препознаа неговата вредност, а во меѓувреме сите го очекуваме второто издание на романот.

Лидија Димковска веќе има освоено повеќе награди за нејзината проза, од кои ги издвојуваме – двапати наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија и награда на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот“. Токму затоа, таа сосем заслужено е една од најпреведуваните домашни авторки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прогласена епидемија на морбили во скопско Радишани, досега заболени шест лица

Редакција

Русковска: Загрозениот сведок рече дека Никола Груевски бил организаторот на упадот во Собрание

Редакција

Кои се најпознатите брендови на млеко, јогурт, сирење… во Македонија, според потрошувачите

Редакција