еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ воведува царини кон САД од 25%

Европската унија (ЕУ) планира да воведе царини до 25% на американски производи во вредност од 22,1 милијарди долари како одговор на тарифите наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп.

Истите ќе почне да се применуваат на 15. април.

„ЕУ ги смета американските тарифи за неосновани и штетни, бидејќи предизвикуваат економска штета на двете страни, но и на глобалната економија. Европската унија јасно стави до знаење дека претпочита преговарачко решение со САД, кое би било избалансирано и заемно корисно“, соопшти Европската комисија.

Планираните царини опфаќаат земјоделски и индустриски производи, вклучувајќи соја, месо, тутун, железо, челик и алуминиум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ги стопираше царините за 60 земји на 90 дена, освен за Кина

Стапија на сила новите американски царини за 60 земји, за Кина од 104%

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Миликијe Халими, која не е повеќе директорка на „Аеродроми„

Редакција

Годишен раст од 7,2% на депозитите и од 5,2% на кредитите во ноември

Редакција

Приведено 40-годишно лице во чија што куќа во Скопје беа пронајдени малолетниците во бесознание

Редакција